МВР за ТВ21: Разбивме терористичка група во струшко-гостиварскиот регион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изминатата вечер, Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе успешна акција и разби терористичка група која делувала во струшко-гостиварскиот регион, соопштуваат од МВР за ТВ21.

Како што наведуваат од полицијата, групата била активна на територијата на овие две општини.

Полицијата уапсила неколку лица, кои се осомничени за терористичко делување, а по акцијата, се очекува официјално соопштение со детали за операцијата.

Од Основното јавно обвинителство за ГОКК велат дека по наредба на јавен обвинител МВР се уште постапува на терен, се извршуваат претреси и се прибираат докази, кривичната пријава се очекува во текот на вечерта, повеќе детали ќе има во текот на утрешниот ден.