Здравковски: Ние сме увозно зависни, многу голем фактор на влијание на цените е тоа што се случува во регионот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот Игор Здравковски во емисијата Бизнис21 на ТВ21 истакна дека Македонија како увозно зависна економија е силно изложена на надворешни влијанија врз цените, особено од случувањата во регионот.

Тој нагласи дека државата може да интервенира само во сегменти кои се под нејзина директна контрола, како што се акцизите, но дека дел од факторите кои влијаат врз цените се надвор од домашните политики.

„За среќа, она што директно е таргетирано, како акцизата, можеме да го преземеме. Но тоа што не зависи од нас, не можеме да го контролираме“, рече Здравковски.

Според него, зависноста од увоз значи дека секое зголемување на цените на странските пазари директно се прелева и на домашниот пазар. Во тој контекст, тој предупреди дека административните мерки, како замрзнување на цените, може да имаат контраефект.