Министерството за здравство информира дека Горјан Гилевски повеќе не е ангажиран со работа во ресорното министерство.
„Најостро ги осудувам сите постапки на прекршување на закони во државата. Нема селективна правда, законот важи подеднакво за сите и мора да се почитува од секој граѓанин во општеството.
Горјан Гилевски не е повеќе ангажиран со работа во ресорното министерство и тој не е советник во кабинетот. Очекуваме надлежните институции да постапат соодветно по случајот“, изјави министерот Филипче.
