МЗ: Забрана за посети на пациенти, носење маски – грипот во пикот, 11.614 случаи од почетокот на сезоната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради големиот број на заболени од грип, Комисијата за заразни болести препорача неколку мерки: Забрана за посета на пациентите кои се хоспитализирани, носењето маски е задолжително во здравствените установи, одржување растојание каде што е можно, а задолжителна е дезинфекција на рацете. Овие превентивни мерки беа одобрени од Министерството за здравство за да се спречи понатамошното ширење на грипот. Доктор Седат Лумани вели дека кај граѓаните се создаде паника дека станува збор за Ковид, но потенцира дека симптомите на грип се чести и единствена заштита е имунизацијата со вакцини против грип.

-Сите луѓе кои имаат кашлица или температура, се вознемирени и веднаш одат на лекар, можеби ова е грешка бидејќи вирусот се појавува и поминува, времетраењето на вирусот или сезонскиот грип е од пет до седум дена, но понекогаш може да се оштети мукозната на горниот респираторен тракт, што може да продолжи со симптом на кашлица до 2 до три недели. Додека тоа ги вознемирува луѓето, кој сакаат што поскоро да им помине се третираат со терапија, терапијата е симптоматска, за сезонски грип нема лек, освен имунизација со вакцини, изјави Седат Лумани, доктор.

Институтот за јавно здравје соопштува дека во шестата недела од годинава се регистрирани 2.880 нови случаи на грип.

Вкупниот број евидентирани случаи од почетокот на сезоната достигна 11.614, а најмногу заболени има во Скопје, додека најголема инциденца е забележана во Дебар. Децата под четири години се најпогодени, со највисока регистрирана стапка на инциденца. Сите овие податоци покажуваат дека активноста на грипот во земјава е на високо ниво, се вели во последниот извештај на Институтот за јавно здравје.