На 101 година почина најстариот и најпознат хрватски дипломат, го нашле мртов во морето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Будимир Лончар, најстариот и најпознатиот хрватски дипломат, почина на 101-годишна возраст . Роден е на 1 април 1924 година во Прек на островот Угљан. Некои медиуми пренесоа дека токму таму бил пронајден мртов денеска во морето.

Тој беше последниот министер за надворешни работи на СФР Југославија и советник на двајца хрватски претседатели. Влегол во дипломатијата како член на народноослободителното движење, двапати ранет во Втората светска војна.

Во кариерата долга 75 години, тој беше и специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за Движењето на неврзаните.