На 75 години замина од Македонија – Фехми ја напушти државата бидејќи не му даде државјанство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Еве ја куќата кај што сум сликана со внуката. И тука“.

Често ги разгледуваат фотографиите заедно со сопругот. Ајше и Фехми се венчале во Куманово, каде што со години живееле. Пред три години им стигнало писмо во кое пишувало дека треба да ја напуштат државата поради тоа што Фехми немал државјанство, нешто што го барал цели 41 година. Фехми сега има 75 години.

„Во 2017, како што пишува таму, на 23 август, требаше да излезам од таму или да ми ја земат со сила. Затоа реков ќе излезам сам, зошто да ме бракаат од таму.“, рече Фехми.

Тие ја продале куќата во Куманово и се преселиле во косовско Гњилане. Сега живеат во стан. 69 годишната Ајше вели дека се сами, без семејство и пријатели. Сега се имаат само еден со друг. Често пати ги фаќа носталгија за населбата каде живееле.

„Како во печалба. Да живееш таму толку долго, и да оставиш се што си стекнал е многу лошо, многу лошо… јас кај мојот татко кога заминав и оставив се бев многу млада, но тогаш беше поинаку, таму живеев 18 години, но 48 години се во прашање, од ′70-те сум омажена. Болни сме и од дијабетес сега, тоа се доаѓа од грижи.“, изјави Ајше.

Поради државјанството не се мирни ниту во Косово. Фехми може да остане таму бидејќи има дозвола за престој, но не и Ајше која има македонско државјанство. Ајше вели дека е изморена од преселување и вели дека нема веќе сили.

Во Косово немате документи?
-Не!
Ниту мислам веќе да одам.

Децата на Ајше и Фехми се на печалба, а во Гњилане се имаат само еден со друг.

Ајше и Фехми се родени во Прешево, во Југославија. Тогаш немало граници па затоа се преселиле во Куманово. При распадот на Југославија и со поставувањето граници овој пар останал во Куманово, Северна Македонија, и оттука почнуваат проблемите со државјанството.
Отидовме и во Куманово за да видиме каде живеело ова семејство, како што биле почитувани семејството Пајазити, но поради почитување на приватноста не сакавме да го вознемируваме семејството кое ја купило куќата.

„Во оваа куќа во населбата Бајрам Шабани во Куманово живееја Ајше и Фехми скоро цел живот, но поради државјанството мораа да заминат во Косово.“, јавува репортерот на ТВ21.