На албанскиот брег на Охридското езеро – откриена најстарата езерска населба во Европа, стара околу 8.000 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Археолозите кои работат на албанскиот брег на Охридското Езеро се убедени дека го пронашле најстарото човечко живеалиште изградено на езеро во Европа.

Тие велат дека откриле докази за организирана ловџиска и земјоделска населба која постоела пред 8.000 години.

Тимот составен од албански и швајцарски научници секој ден поминува неколку часа три метри под вода, макотрпно извлекувајќи дрвени потпорници на куќи.

Тие, исто така, собираат коски од домашни и диви животни, бакарни предмети и керамика со детални резби.

Повеќе студии покажуваат дека Охридското Езеро е најстарото езеро во Европа, старо над милион години.

Албанскиот археолог Адријан Анастаси рече дека можеби ќе бидат потребни децении за целосно да се истражи областа.