На автопатот се работи со три багери – Бесими: Автопатот Скопје-Блаце ќе биде готов во 2023 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три багери од двете страни на патот ги вршат градежните активности за првите километри од автопатот Скопје-Блаце. Два багера ја порамнуваат земјата каде треба да се гради автопатот.
Со ваков интензитет тече работата на неколку метри од Граничниот премин „Блаце“. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во „Клик Плус“рече дека кон средината на следната година се очекува да започне постапката за изградба и на вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, а ако сѐ се одвива според планираното, тогаш како што рече, изградбата може да заврши најдоцна до 2023 година.

„Во првото полугодие следната година ќе биде организирана и аукција за останатите 10км. Со Европската банка обезбедивме средства и за тоа. Доколку аукцијата заврши следната година, тогаш реализацијата треба да почне во 2022 година, а доколку сѐ оди како што треба, автопатот Скопје-Блаце ќе биде готов до 2023“, истакна Фатмир Бесими.

Но, од друга страна, пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири, рече дека овој проект треба да биде приоритет и дека не треба да се нарекува „автопат Скопје-Блаце“, туку „Арбен Џафери“.

„Посакувам овој пат да заврши што е можно побрзо и автопатот да не го нарекуваме Скопје-Блаце, туку Арбен Џафери… Како што започна во Приштина, така да заврши и во Скопје“, додава Елми Азири.

И министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, за време на средбата со неговиот колега од Косово, рече дека автопатот ќе биде готов за три години. Инаку, пред два дена од Владата известија дека е направена 100% експропријација на земјиштето каде треба да се гради автопатот.