На големо се издава простор за дочек на 2021 – МВР: Ги следиме објектите кои се издаваат и ќе преземеме мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Официјален дочек на Нова година оваа година ќе изостане, но затоа на големо се издаваат објекти за приватен дочек.

За еден таков се интересирав и јас.

Новинар: Се јавувам за оглас, на интернет гледам, за издавање на просторија за нова година.

-Да, само мајка ми сега не е дома, кога ќе се врати ќе ви ја дадам.

Новинар: Добро, дали може да ми кажете локација и големина?

-Тоа е во Драчево, голем е просторот…

Новинар: Тука пишува 100 метри квадратни?

-Па да толку е

-А вие колку души отприлика ќе бидете?

Новинар: Па ние сме околку 25-26

-А од каде сте?

Новинар: Скопје, Кисела Вода

-А возраст, дали сте над 18?

Новинар: Да, да над 20, над 25

Вакви случаи има уште многу. А има и објекти кои нудат капацитет и над 40 луѓе. За Министерството за внатрешни работи ова е познато. Велат дека имаат индиции, а ќе спроведат и акција.

„Ги следиме посебно издавање на објекти за прослава на празниците. И веќе имаме одредени сознанија, и сериозно ќе преземеме мерки“, велат од МВР.

На јавен простор е забрането групирање на повеќе од четири лица. Изостанувањето на прославите дополнително ќе удри и врз така кревката економија поради коронавирусот.

Значително е намален, а во одредени месеци и воопшто нема регистрирани туристи во нашата земја. Ако минатата година во месец септември сме имале 89.569, оваа година имаме само 6.995.

Од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ќе се чекаат предлог мерки како да се постапи за време на новогодишните празници, но нивниот став дека нема потреба од полициски час останува и натаму.