На ГП Табановце времето за чекање за излез од државава е повеќе од 1 час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.

Тие додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за излез од државата е повеќе од 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.