На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 804 пациенти, слободни кревети има

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19 – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи...

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Крапош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Тешка кражба во скопски трговски центар – МВР приведе две лица

На 16.01.2021 во 14.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две малолетни лица...

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 804 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 80 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 54 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 123, во ковид центарот во Гостивар 52, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежи 62 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1256 и има колку 180 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.