На инфективното одделение во Битола починаа 3 пациенти, најмладиот 35 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во последниве 24 часа на Инфективното одделение во Битола починаа тројца пациенти на возраст од 35, 55 и 73 години.

Имено, починатите пациенти се од Битола и битолскиот регион, а со денешните тројца починати, вкупниот број на починати лица во Битола од почетокот на епидемијата изнесува 61 лице.

Денешниот број на хоспитализирани пациенти во регионалниот ковид центар во Битола е 76.

Според вчерашниот извештај на министерството за здравство во Битола вчера беа регистрирани нови 51 заразени со Ковид 19. Бројот на оздравени пациенти беше 28, додека пак бројот на активни случаи се искачи на 738.