реклама
Сите албански партии и СДСМ со заедничка листа на следните парламентарни избори. Ова е желбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, која ја откри во едно поинакво интервју во ТВ21. Ахмети вели дека ова е целта и на европскиот фронт, секоја партија со својата автономија.
Но што вели СДСМ? Дали како партија се подготвени да влезат во заедничка листа со сите албански политички партии?
реклама
Костовски е уверен дека и по редовните избори кои ќе се одржат во 2024 година, со Влада ќе раководи СДСМ. Инаку, досега, само лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека подобро е АА да оди сама на избори. Ваквиот став го образложи со лошите искуства од соработките во минатото.
реклама