На кејот на реката Луда Мара пронајдена неексплодирана граната од Првата Светска Војна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 18.03.2021 околу 14.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека покрај кејот на реката Луда Мара, 38 – годишен граѓанин пронашол неексплодирана граната.

Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување Кавадарци утврдил дека се работи за неексплодирана артилериска граната (кал.75 мм) од Првата светска војна, која била подигната за понатамошна постапка.