На Кораб падна првиот снег – поради помали одрони внимателно возење во дебарскиот регион

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пендаровски со честитка до Бајден: САД е нашиот стратешки партнер

Претседателот Стево Пендаровски денеска на својот фејсбук профил упати честитка до новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.Според претседателот, САД е...

Пописот, мета за нишанење во политиката, и власта и опозицијата со апел за разумност

Пописот на населението е статистички процес, но во Северна Македонија се користи за политички препукувања.Пред неколку дена опозициската ВМРО-ДПМНЕ...

Каде се одговорите на Груби до Меџити? Груби вели дека ги доставил, Собранието и Меџити го велат спротивното

Помина рокот од 20 дена за одговор на првиот вицепремиер Артан Груби на прашањата на неговиот сопартиец Изет Меџити...

Банкарската регулатива проблем за граѓаните? На македонскиот пазар има место за финансиските друштва

Пристапот на граѓаните за подигање на кредити од Банките отежнат. Причината лежи во банкарската регулатива и незаинтересираноста на банките...

Филипче прв ќе се вакцинира, земјата уште ги чека вакцините од Србија

Ниту денеска не пристигнаа вакцините од Србија. Се уште не е подготвена потребната документација за транспорт на вакцините изјави...

Планината Кораб, со највисокиот врв во нашата држава, Голем Кораб, со висина од 2764 метри надморска височина, утрово ја обеле првиот снег.

Снегот пристигна по дводневните интензивни врнежи од дожд, проследен со ветер а во текот на ноќта и утрово и со ниски температури, кои беа присутни во овој најзападен дел на Северна Македонија.

Поради врнежите на патните правци Дебар-Маврово и Деба-Струга има појава на помал одрони од камен и земја, за што се препорачува вниматлно возење.

-Има помали одрони на камен и земја, нашите екипи кои се постојано на терен веднаш ги отстрануваат. Дополнително и поради влажните коловози се препорачува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, порачуваат од дебарската секција на „Македонија пат“.

Посебна внимателност се препорачува на делницата Дебар-Жровница по клисурата на реката Радика, на патот кон Маврово, каде вообичаено одроните се најчести.