На Крит прогласена вонредна состојба поради големи пукнатини на земјата и на куќите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На островот Крит е прогласена вонредна состојба откако биле откриени големи пукнатини во земјата, и предизвикале штета на околу 20 куќи, објави „Катимерини“. Особено критична е состојбата во селото Вутес, во близина на градот Ираклион. Девет куќи се прогласени за небезбедни и се евакуирани.

„Пукнатините се должат на некакво свлечиште“, рече Ефтимиос Лекас, раководител на грчката организација за планирање и заштита од земјотреси.

Експертите истражуваат на што се должат овие пукнатини. Една теорија е дека мало истекување на водоводна цефка можеби придонело за нестабилноста на земјата. Друга теорија укажува на движењето на подземните води.

Вонредната состојба ќе трае еден месец, а експертите предупредуваат дека ваквата состојба може да се прошири и низ други делови од Грција.