На лицата со коронавирус да им се суди онлајн – Маричиќ најави намалување на судските трошоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за правда, Бојан Маричиќ најави одржување онлајн судски рочишта. Тој додава дека оваа пракса се практикувала и претходно во судскиот систем.

Ова според него треба да се прави бидејќи во текот на рочиштата има и обвинети кои се заразени со корона вирус или се во изолација.

Според Маричиќ  за правдата да биде достапна за сите граѓани  ќе се намали судската такса која сега изнесува 48 илјади денари за осум пати и ќе биде максимум 6 илјади денари. Од друга страна Хелсиншкиот комитет излезе со анализа во која се вели дека од почетокот на пандемијата со Ковид-19 околу 500 лица побарале правна помош од Хелсиншкиот комитет. Пандемијата и рестриктивните мерки доведоа до ограничување на човековите права, особено за сиромашните граѓаните.

„Од почетокот на кризата,  околу 500 граѓани добиле правна помош од Хелсиншкиот комитет за прашања од областа на работни односи и пристап до вработување, семејно и родово насилство, семејни односи, социјална заштита, дискриминација и говор на омраза и дела од омраза“, посочуваат од Хелсиншки комитет.

Инаку Агенцијата за фундаментални права по повод 25 Октомври, Европски ден на Правдата упати апел ЕУ и земјите членки да ја засилат заштитата на жртвите на интернет.