На отворањето на СП во Катар наратор беше Морган Фримен – член на БТС направи спектакл

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Светското првенство во Катар е ОТВОРЕНО. Раскажувач на воведниот текст беше американскиот актер Морган Фримен. Фримен разговараше со катарскиот амбасадор кој рече дека „сите се добредојдени“ во Катар.

Катарската пејачка ја изведе песната за отворање на сцената, а се појавија и луѓе облечени во традиционални катарски носии.

Пред изведбата на официјалната химна беа изведени навивачки песни од сите земји на Светското првенство и официјални песни од минатите натпреварувања како што е Waka Waka на Шакира.

Членот на најпознатиот јужнокорејски бој бенд БТС, Јунг Кук, направи спектакл на отворањето на првенството изведувајќи една од официјалните песни на Светското првенство во Катар Дримерс. На сцената му се придружи катарскиот пејач Фахад ал Кубаиси.

Инаку, една од официјалните песни на овој шампионат е Туко Така во изведба на Малума, Ники Минаж и Миријам Фарес.