„На ова прашање нема потреба да стојам тука“ – Битиќи замина, Ковачевски до новинарот: Не е коректно!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Нема потреба јас да стојам тука на ова прашања, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи и замина…

Новинар: Поради високиот цензус има опасност да не успеат претседателските избори, а имате договор со ДУИ 100 дена последните, ДУИ премиер да предложи. Дали сте спремни ако не успеат изборите Талат Џафери да биде претседател, од ДУИ премиер, па целата држава да биде во рацете на ДУИ.

реклама

Фатмир Битиќи: Мислам дека јас не треба да стојам на вакво прашање…

Беше револтиран од прашањето на новинарот, а чекајќи го премиерот да заминат заедно, на паркингот се обидоа да се дообјаснат…

реклама

Фатмир Битиќи: Не можете да не оставите нас Албанците….

Новинар: Не е така господине  Битиќи… јас партија спомнав, не националност.

реклама

Наместо Битиќи, Ковачевски се обиде да одговори на прашањето.

„Прашањето ваше беше апсолутно некоректно…Денес во нашата држава имаме концепт за Европска Македонија кој што го предводи Владата и СДСМ, кој што го третира сите граѓани еднакво според нивната етничка, верска или било која припадност. Меѓутоа имаме појава на еден популизам, кој што во својата основа има етнонационализам и ксенофобија, кој што за мене е форма на модерен фашизам. Ви благодарам на прашањата и се гледаме во наредна прилика“, порача Димитар Ковачевски.

Договорот за премиер Албанец во последните 100 дена Влада е договор помеѓу СДСМ и ДУИ уште од времето на Заев. Како што велат од двете страни, тој договор останува да важи, освен ако ВМРО-ДПМНЕ прифати да гласа за Уставните измени. За ова беше прашан и Битиќи во Клик Плус, кој рече договор си е договор. А, на прашањето дали тој би можел да биде претседателски кандидат, одговори:

„Секоја лидерска позиција во оваа земја ја гледам како личен предизвик и не ја одбивам, доколку политичките околности налагаат такво нешто“, вели Фатмир Битиќи.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама