Осамениот автопат Далтон е изграден поради нафтата, а денес привлекува љубители на адреналин, недопрена природа и незаборавни глетки, пишува Полн куфер.
Автопатот Далтон често се наоѓа на листите со смртоносни патишта и минува низ централна и северна Алјаска.
Тој е еден од двата патишта во Северна Америка кои го преминуваат Арктичкиот круг, а изграден е со цел да направи црното злато побрзо да стигнува до целта.
Но, нафтата веќе не е главната причина за патување по патот долг дури 666 километри, туку адреналинот, природна убавина и недопрени пејзажи.
Во продолжение нешто повеќе за овој автопат:

Летото носи 24 часа дневна светлина, а зимата 24 часа темнина. Поларната светлина може да се види од септември до средината на април, а најниските регистрирани температури биле -62 ° С.
Во текот на летото, поплавите не се невообичаени, исто како и пожарите.
Волците исто така претставуваат опасност, а знаците за предупредување се поставени на места каде што најчесто се појавуваат.
Роеви комарци се појавуваат во пролет, и во лето есен се заменуваат со муви. Оние што патуваат таму со милениче никогаш не треба да го шетаат затоа што ваквите „излети“ од автомобилот можат да бидат фатални.
Нема градови со аптеки или болници покрај патот, нема банки – и има еден банкомат на целата територија. Нема продавници, а гориво, закуски, вода и кафе се достапни на само неколку локации, исто како и интернетот. На растојание од 386 километри нема бензин или место каде што можете да јадете или пиете.

Во случај на дефект на автомобил или потреба од помош од лекар, се чека со часови, па дури и со денови.
Самостојно пешачење или возење велосипед е строго забрането од Deadhorse, каде чуварите го следат сообраќајот дење и ноќе, за некои непослушни посетители да не се упатат кон автопатот без дозвола.
Но, без разлика на опасностите, многу патници од целиот свет сакаат да ја искусат убавината на оваа недопрената природа, и да уживаат во глетката.
