На патничка и се слошило и паднала во кома за време на лет кон Грција, авионот итно слетал во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Англичанката Барбара Вилкинсон се качила на лет за Крф, Грција на аеродромот Ист Мидлендс, ѝ се слошило во авионот, поради што пилотот принудно слетал во Задар. Иако не планирала да ја посети Хрватска, 68-годишната сега е на лекување во Загреб, пишува Дејли Мејл .

Таа се качила на летот во средината на октомври со нејзината 13-годишна внука Тамара и близок пријател. Веднаш штом полетал авионот, Вилкинсон почнала да кашла и паднала во кома. Пилотот бил информиран за ситуацијата и донел одлука за итно слетување во Задар, Хрватска. Тие првично се посомневале на мозочен удар, но по томографијата во Општата болница во Задар, било потврдено дека имала мозочна аневризма опасна по живот.

Пациентката набрзо била префрлена на итна операција во КБЦ Загреб, каде моментално е во кома. Имено, нејзиното осигурување не ги покрива трошоците за враќање во Обединетото Кралство, а семејството стравува од најлошото сценарио. Тие сега отворија страница GoFundMe со цел да ги соберат 35.000 фунти потребни за Вилкинсон да се врати дома и да го продолжи лекувањето во својата татковина.

Кога влегла во авионот, внуката и дала бонбона на бабата, по што таа почнала да кашла. Мислеле дека се гуши од бонбони, но кашлањето набрзо престанало, а 68-годишната жена заспала. Таа имала кашлица во два наврати, но поголемиот дел од летот го поминала спиејќи. Кога нејзината внука се обидела да ја разбуди, таа не реагирала.

Откако авионот итно слетал, таа била пренесена во задарската болница каде и е извршена компјутерски томографија на главата и било утврдено дека се работи за пукната аневризма. Таа била подложена на третман и операција во Загреб, по што се разбудила, но била ставена во индуцирана кома бидејќи имала отежнато дишење. Таа е во болница повеќе од две недели и се уште е во кома.