На полноќ се отвораат границите без услови – граѓани од БиХ и Србија блокирани на Табановце

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Слушнал од медиумите дека Северна Македонија ги отвора границите. Овој граѓанин тргнал од Босна и Херцеговина, за преку Србија да влезе во нашата земја на граничниот премин „Табановце“. Но, поради тоа што немаше тест, не му беше дозволено да ја помине границата.

„Дозволете ми, ве молам“.
-Не може, ние работиме тука по прописи и закони.
„Имам тест“.
-Не си морал да вадиш тест. За кај нас не ти треба.
„Јас слушнав и ми рекоа дека можам да влезам со тест“.
-Да, но само за наши државјани.
Новинар: Вие тука сакавте да престојувате?
-Да, во Скопје сака да престојува.

„Тој може да помине само транзит до 12. Кај нас се отвораат границите после 12, тогаш може да влезе слободно. Инаку, за транзит не му треба ниту ПЦР тест, бидејќи може да помине во рок од 5 часа“.

Границата сакаа да ја поминат и наши државјани, но сакаа да се вратат веднаш, па затоа не им беше дозволено.

„До 12 не можете да поминете. По 12 часот слободно“, вели државјанин на Македонија.

Се враќаа и возилата…

Новинар: Зошто се враќате?
-Бидејќи границите се пуштаат во 12.
Новинар: Се обидовте сега да поминете?
-Да, но можеше само за транзит.

Повеќето од возилата кои влегуваат во земјава беа со странски регистарски таблички на кои Северна Македонија им служи како земја за транзит.

-Да, само за транзит.
-Да, само за транзит.

Влегуваа и фудбалери. Серџан Драшковиќ, треба да почне со тренинзите со клубот „Силекс“, но со оглед на тоа што имаше негативен тест, границата ја помина без проблем.

„Фудбалер сум во „Силекс“. Имам тест, затоа ја поминав границата. Почнуваме со тренинзи за следната сезона, но поради пандемијата требаше да одиме дома и да одморите малку. Сега почнуваме“, истакна Срѓан Драшковиќ.

Без никаков проблем, границата ја помина и оваа жена која одеше кај роднини кај кои ќе престојува неколку дена, но на враќање нема да треба да приложува ниту тест, ниту пак да оди во самоизолација.

„Со отворање на границите, граѓаните на Северна Македонија ќе можат да патуваат само во Косово, Србија и Албанија, но не и во Бугарија и Грција, поради тоа што овие две земји се членки на ЕУ, а земјите на ЕУ ги отвораат границите на 1 јули“, посочи репортерката на ТВ21.

Утре ќе се разгледува дали оваа одлука на ЕУ ќе биде променета, бидејќи новиот бран на Ковид-19 ги погоди и овие земји. Со отворање на границите се враќа и меѓународниот превоз. Патниците ќе мора да носат маски и да држат дистанца на автобуските станици и за време на патувањето. Линиите остануваа исти, само ќе се преполови бројот на патниците.
На 1 јули се отвораат и воздушните граници, но сѐ уште нема протокол. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, рече дека деновиве ќе биде изготвен протокол и дека истиот ќе им биде доставен на Меѓународен Аеродром – Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид.