Долги автомобилски колони.
Ден пред Рамазан Бајрам граѓаните ги преполнија пазарите за да ги направат последните набавки но и да ги израдуваат децата со нова облека.
Поради високите цени граѓаните не можат да ги исполнат сите желби на нивните деца.
„Се подготвивме малку, има нешто, но е голема криза. Народот се соочува со криза“.
-Дали цените се многу високи?
„Многу, невозможно е толку да бидат, цените се нереални“.
„Колку што можеме бидејќи малку е тешко“.
-Дали е скапо па затоа не можете да купите се?
„Со платите кои ги земаме цените се високи“.
Од друга страна продавачите се жалат дека немаат промет како порано. Велат дека продажбата е намалена за 50% а стоката е двојно поскапена.
„Има работа, дал Господ, добро е но не е сме задоволни. Последните 10 дена на праг на празникот Бајрам очекувавме да има повеќе работа но сепак не е лошо“.
-За разлика од претходните години, послабо е?
„Многу послабо, продажбата е намалена за 50%, можам да кажам и повеќе, за разлика од претходните години“.
„За разлика од претходните години е 0%, за Рамазан Бајрам имавме секогаш голема продажба, но ова е веќе голема слабост. Им изгледа скапо бидејќи е поскапена стоката. Не е малку поскапена, туку поскапено е двојно“.
Бајрам се слави по 30 дневен пост, а празникот се карактеризира со Бајрамската молитва, Бајрамски ручек и слатко – посебно баклава.
