На претседателските избори во Полска, Тржасковски води тесно со 50,17% од гласовите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кандидатот на владејачката Граѓанска коалиција во Полска на претседателските избори во земјата, Рафал Тржасковски, води во вториот круг од изборите со 50,17 проценти од гласовите, според излезната анкета на Ипсос, пренесува Ројтерс.

Независниот кандидат Карол Навроцки, кој ја има поддршката од главната националистичка опозициска партија „Закон и правда“ (ПиС), освои 49,83 проценти од гласовите.

Тржасковски прогласи победа, заблагодарувајќи на сите кои гласале. Тој победи во првиот круг на 18. мај со тесна разлика од 31.36% од гласовите, во споредба со Навроски кој освои 29,54%.

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска заклучно со 12 часот изнесуваше 24,83 проценти – објави Националната изборна комисија.

Објавените податоци се добиени од сите 29.815 окружни изборни комисии, објави ПАП.