Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека политичарите треба да ги остават на мира лекарите, наставниците, оџите и новинарите, без политичко мешање.
Тој го критикуваше и условувањето на граѓаните за гласови, посочувајќи дека политиката често ветува асфалтирање на одредени маала во замена за глас.
„Ако ова маало нѝ го даде гласот, ќе го асфалтираме“, рече Гаши, критикувајќи го овој пристап како застарен.
