Една од најтешките, но и најсериозните задачи со кои се соочуваме е да изградиме држава која се грижи за својот народ. Фокусот повеќе не треба да биде „победи мојата или твојата партија“, туку нашите народи победуваат! – Оваа фејсбук објава на Арбен Таравари, предизвика дебата при што се поставува прашањето на што алудира лидерот на Алијанса за Албанците од коалицијата ВРЕДИ?! Ова уште повеќе предизвика внимание бидејќи го објави вчера, откако претходно во текот на денот беше прашан дали се сретнал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Таварари на ова прашање одговори дека средба немало, но има канали на комуникација. Прашан што сакал да каже Таравари со објавата, тој со одговор:
-Тоа е тежок период низ кој поминува државата. Четирите последователни трагедии што се случија во Македонија во последните 5 години. Од Ласкарци, Беса Транс, па Модуларна болница, а сега Кочани. Мислам дека особено треба да се деполитизираат истражните и правосудните органи каде се наоѓаат, да не ги гледаме… овие случаи не се гледаат од аспект на партиите, не се воопшто важни, важно е граѓанинот да биде мирен и безбеден таму каде се движи и каде живее, изјави Арбен Таравари, претседател на АА.
Од друга страна, премиерот Мицкоски рече дека владината коалиција функционира одлично.
Таравари потврди дека вчера се одржала средба меѓу лидерите на ВРЕДИ, но рече дека не донеле одлука како ќе настапат на локалните избори.
