Ноќеска (10.07.2020) на Граничниот премин „Меѓународен
аеродром Скопје“ е приведен М.М.(28) од Гостивар, кој потоа е
предаден на Полициската станица Гостивар, затоа што се барал со
централен распис од Надворешната канцеларија за
криминалистички работи Гостивар.
На 06.07.2020 против него е поднесена кривична пријава за сторено
кривично дело „загрозување на сигурноста“, предвидено во член
144 став 4 од Кривичниот законик.
М.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани
односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата на
Република Северна Македонија. М.М. е задржан во Полициската
станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна
постапка во Основниот суд Гостивар.
