„На Србија и Бугарија не им е важна вашата сигурност“ – Џозеф за ТВ21: Фала Богу што сте дел од НАТО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едвард Џозеф, професор и експерт за надворешна политика, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека Македонија мора да размислува стратешки бидејќи тоа е многу важно за граѓаните.

„Ова е многу важно за вредните жители на земјата кои мака мачат да преживеат. Сигурноста и иднината на вашата земја не е сигурна под Србија. Немојте да мислите дека на Александар Вучиќ му е битна вашата сигурност. Не му е. И на Бугарија не ѝ е важно за вашата сигурност. Го знаеме тоа. Бугарија е закана. Тоа ни е јасно. Единствена сигурност за земјава е во поголема група. Фала Богу што сте дел од НАТО. Би биле во многу полоша ситуација да не бевте во НАТО. Ќе имавте закани и дестабилизација од Русија и други. Единствена сигурност ви е Европската Унија“, вели Џозеф.

Целото интервју со Едвард Џозеф вечерва во 21:00 часот на ТВ21…