Сообраќајот на регионалниот пат Тетово – Желино се пренасочува по алтернативни патишта, додека пак, сообраќајот на регионалниот пат Берово – Делчево од 10:55 часот времено е затворен поради пожар, информираат од АМСМ.
Како што соопштуваат од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничниот премин Табановце за излез од државата се чека околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
