На „Табановце“ за излез од државава се чека околу еден час

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин „Табановце“ има задржување за излез од државава околу еден час, информираат од АМСМ.

На  останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државава.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.