На товарен воз на Табановце биле оштетени пломби на шест вагони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 22.10.2020 во 23,35 часот во полициската станица за граничен премин “Табановце“ било пријавено дека на излез од Република Северна Македонија, во товарен воз кој сообраќал на релација Република Грција-Република Унгарија има оштетување на пломби на шест вагони натоварени со девет контејнери.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на расчистување на случајот.