реклама

Началничка од битолската болница се вратила од Занзибар со коронавирус – се проверува дали е јужноафрикански сој

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Како што дознава Телевизија 21, медицинско лице од Битола е позитивно на коронавирус заедно со својот сопруг, откако се вратиле од Занзибар, по што сега МАНУ проверува дали станува збор за јужно-африкански сој.

На редакцијата на ТВ21 познато и е името на лицето кое е вработено во Клиничката болница во Битола, но во овој момент, нема да го откриеме. Контактиравме и со директорката на болницата, но добивме само краток одговор „Не сум информирана“.

реклама

Мажот се лекува на одделот за нефрологија во Струга, а жената е сметена во болница во Скопје.

Симптомите на вирусот ги пројавиле два дена пред враќањето во земјава. Струшката болница веќе испратила мостри за утврдување на видот на вирусот.

реклама

Занзибар како туристичка дестинација стана актуелен за патување и одмор на граѓаните во последните месеци бидејќи за престој таму не се бара ПЦР тест за ковид-19.

По ова, денеска од Министерството за здравство испратија соопштение дека сите лица кои се враќаат од овие предели на земјата, ќе мора да одат во задолжителна изолација.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама