Над 10 полицајци во Мексико приведени поради убиства на 19 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дванаесет полицајци се уапсени во Мексико за наводно убиство на 19 лица, вклучително и мигранти од Гватемала, чии тела беа пронајдени во близина на границата со САД.

Државниот обвинител на Тамаулипас, Ирвинг Бариос Мохика, рече дека 12 полицајци се во притвор и дека се обвинети за убиство, злоупотреба на моќ и давање лажни изјави, пренесе АП.

Убиствата ги оживеаја спомените од масакрот врз 72 мигранти во близина на градот Сан Фернандо, кои беа усмртени од страна на локална банда.

Сепак, како што додава АП, тие убиства се поврзани со нарко картелот, додека многу поголем шок за јавноста предизвика убиството на мигранти што, наводно, го извршиле членови на законот.

„Најмалку 12 државни полицајци учествуваа во споменатите акции од 22 јануари“, рече Бариос Мохика.

Државниот обвинител не кажа каков мотив може да имаат полициските службеници, иако често се случува корумпираните и државните полицајци во Мексико често да мораат да враќаат долг кон нарко-картелите.

Нарко картелите во Мексико често им наплатуваат на мигрантите за минување низ нивната територија, па се случува да бидат киднапирани и убиени затоа што нивните шверцери не платиле или дадоа пари на ривалска банда.