Светската здравствена организација (СЗО) објави дека од почетокот на пандемијата досега има 101,561,219 потврдени случаи на коронавирус во светот.
Бројот на починати лица изнесува 2,196,944.
Според нивните информации, во регионот Америка има најмногу случаи во светот. Регистрирани се 45,052,791 случаи, а по неа доаѓаат Европа со 34,069,310, Југоисточна Азија со 12.826.533, Источен медитеран 5.648.515, Африка со 2.555.420, и Западен Пацифик со 1.407.905.
Според земјите во „водство“ е САД со 25,512,197 додека починати лица се 429,652, следува Индија со 10,733,131 и бројка на починати 154,147, Бразил со 9,058,687 заразени и 221,547 смртни случаи.
