Над 200.000 брзи кредити во 2022 година – Ајдини: Да се ограничи каматата, да се воведат повеќе контроли

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Енормно зголемување на бројот на корисници на брзи кредити. Ако во 2018 година имало 101.949 одобрени кредити, во 2022 година вкупниот број  се зголемил за 178%. Бројката достигнала 284.076 одобрени кредити, покажува анализата на Институтот за демократија и економски анализи. Директорот Омер Ајдини вели дека за време на пандемијата има намалување од 18%, бидејќи слабата економија ги наведува граѓаните не само на брзи кредити, туку и на обложување, а како што додаде,  тогаш не можеле да се обложуваат.

„ Од 2020 до 2021 година имаме релативно висок раст затоа што луѓето можеа да излезат, можеби да излезат или да играат во обложувалници или казина и така натаму, и да имаат пристап до брзи кредити. Така, се чини, иако не е 100% докажано дека постои позитивна врска помеѓу индустријата за коцкање и индустријата за брзи заеми“, вели Омер Ајдини.

Ајдини предлага институциите да преземат чекори за ублажување на економската криза и да се регулира коцкарската индустрија за да не бидат изложени граѓаните.

„Уште еднаш, износот или „стапката“ на нормална камата во државата треба да се ограничи на максимум, ова е првото. Второ е да се воспостават многу повеќе контроли во финансиските друштва, односно да се знае кои се сопствениците, да се знае од каде е капиталот на овие финансиски друштва, бидејќи над 130 милиони евра кредити се показател за индустрија и многу моќни луѓе кои стојат зад овие финансиски друштва“, вели Омер Ајдини.

Инаку, според институтот ИДЕА, зголемувањето на бројот на брзи кредити во последните 6 месеци се должи на зимските трошоци за греење и храна.