Вкупно 25.401 граѓани досега се пријавиле преку онлајн аликацијата за вакцинирање против Ковид-19.
Ова на својот Фејсбук профил го објави министерот по здравство Венко Филипче.
„25.401 илјади граѓани изразиле желба за вакцинација на „Vakcinacija.mk“. Секој граѓанин кој ја пополнува формата за аплицирање искажуваат само интерес за вакцинација и се регистрира во електронскиот систем „Мој Термин“. Ова не значи дека лицето закажало и термин. Датумот и часот за вакцинација го утврдува Националниот систем „Мој Термин” согласно фазите кои ги содржи стратегијата за КОВИД вакцинација. Регистрирај се!“, пишува Филипче
Веб страницата беше пуштена во функција вчера, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни.
Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.
