Над 30 пожари на отворено во едно деноноќие, Ангелов апелира на внимателност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека во текот на вчерашниот ден повторно биле регистрирани над 30 пожари на отворен простор.

Тој апелира до граѓаните да бидат особено внимателни, бидејќи сувата вегетација претставува голем ризик за брзо ширење на огнот, и покрај најавите за локални врнежи.

Во општина Струмица вчера биле регистрирани четири пожари. Ангелов посочи дека пожарот кај селото Куклиш стигнал до првите куќи, но со брзата интервенција на пожарникарите од Струмица, со поддршка од колегите од Радовиш и Валандово, била спречена поголема катастрофа.

Активен е и пожарот на планината Жеден, кој се движи кон селото Радуша. Огнот гори на тешко пристапен и карпест терен и засега не загрозува населени места. Ангелов очекува пожарникарите од Тетово и Скопје во текот на денот да го стават пожарот под контрола.

Од ДЗС дополнително се ангажирани противпожарни екипи како поддршка на скопските и тетовските пожарникари.