Над 40 кучиња отруени во Кичево, организациите бараат итна истрага

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вознемирувачки настан беше пријавен во четвртокот во Кичево. Во неколку населби, повеќе од 40 улични кучиња беа пронајдени отруени и застрелани по улиците, што покрена сомнежи за намерно труење и убивање. Слични случаи биле регистрирани и порано во други делови од градот.

Видеото го објави жител на населбата, Али Лена, кој алармираше за безбедноста на животните, но и на жителите, особено на децата што често се движат низ оваа зона.

Организациите за заштита на животните остро го осудија овој нечовечен чин, потсетувајќи дека труењето на животните претставува кривично дело казниво со закон. Тие побараа од надлежните институции веднаш да започнат истрага и да ги откријат сторителите на овој злостор против живи суштества.

„За една ноќ беа убиени повеќе од 40 кучиња, додека во последните 12 години се убиени повеќе од 400. Систематско молчење околу кучињата, каде што наместо хуман третман и трајно решение како вакцинација и евиденција, општината дозволува убиствата со огнено оружје да продолжат. Синоќа беа убиени повеќе од 23 кучиња со огнено оружје. Нашето здружение има евидентирано околу 400 убиени кучиња во минатото, а само вчера се 40.“, порача Ѓорѓија Несторовски

Од Здружението за заштита на животните велат дека на местото на настанот биле пронајдени неколку материјални докази.

„Да, во населбата ‘Велазерими’ најдовме ракавици во близина на кучињата, кои биле користени таму каде што биле отруени, и преку нив ќе се обидеме да откриеме кој е сторителот на ова кривично дело.“, вели Ѓорѓија Несторовски.

Жителите апелираат до властите да преземат итни мерки за заштита и побезбедно управување со уличните кучиња.