Над 5 месеци чекање за лични документи – народниот правобранител: На граѓаните им се прави неправда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се обидовме да закажеме онлајн термин за замена на документите со новото име на државата, но безуспешно. Онлајн термините се закажуваат само во следните 60 дена, додека до февруари нема слободни термини. Се обидовме да резервираме по телефон.

Одредениот број за закажување на термини за лични документи не функционира воопшто. Како што се гледа од снимките, линијата не функционира.

Граѓаните остануваат во позиција дека по февруари ќе останат без документи.

Трошоците од околу 4000 денари за менување на документите треба да ги прекријат самите граѓани.

За закажување термин за лични документи граѓаните чекаат дури и над 5 месеци.

И народниот правобранител, Насер Зибери, смета дека на граѓаните им се прави неправда.

„Направена е неправда кон граѓаните затоа што не може да користат лични документи во предвидениот рокот. Истекува пред рокот што е предвиден во него. Со ова граѓаните се принудени да вадат други документи, а вадењето нови документи, како што спомнавте, има одреден трошок, а граѓаните не по своја вина се изложени на дополнителни трошоци. А тоа, пак, ќе ги спречи да ги остварат своите права и обврски пред јавните институции и правен промет. Затоа што со истечен документ, со истечена лична карта, со истечен пасош, граѓаните не можат да имаат пристап до јавни услуги, не можат да патуваат, не можат да возат возило итн.“, вели Насер Зибери.

Зибери вели дека како институција упатиле повик државата да ги покрие барем трошоците за лични карти бидејќи е неопходен документ за лица над 18 години. Според законот за лична карта, член 2 предвидува глоба од 200 до 400 евра за сите кои немаат лична карта. Како и да е, според министерот Спасовски, по февруари идната година граѓаните кои не ваделе новите документи нема да бидат санкционирани, но според Зибер тоа не може да трае засекогаш. Зибери најавува дека веднаш по февруари следуваат претседателски избори, а на многу граѓани ќе им биде невозможно гласачкото право доколку немаат валидни документи. Инаку, рокот е февруари следната година, а според изјавите на министерот Спасовски досега се пријавиле околу 1 милион граѓани.