Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 33 степени.
