Студентите од трета година на Факултетот за уметности бараат професорката Бесијана Мехмеди повеќе да не им држи предавања. Дисциплинската комисија на факултетот го доставила барањето до советот, кој се очекува да одлучи утре.
„Дисциплинската комисија ги разгледа барањата на студентите. Факултетот за уметност, програмата за музичка уметност и комисијата поднесоа извештај во кој се опишуваат несогласувањата и загриженоста на студентите, а Дисциплинската комисија предлага Советот на Факултетот за уметности да расправа за предлогот за одобрување на барањето на студентите по музика“, вели Нафи Јашари декан на факултетот за уметност.
Студентите дури бараат професорката Бесијана Мемети сосема да го напушти факултетот, а истовремено предупредуваат и на протести.
„Не се согласуваме со оваа одлука, организирани сме на целиот факултет каде ќе поднесеме уште една изјава дека бојкотираме предавања од прва до четврта година. Ги бојкотираме сите предавања не само на таа професорка, додека не се донесе одлука професорката да не држи предавања на овој факултет, не само кај нас туку и во прва и втора година. Протест ќе одржиме и во среда каде ќе тргнеме од факултетот до ректоратот,“ вели Арди Лена студент на факултетот за уметност.
Студентите на Факултетот за музичка уметност во Тетово пред неколку дена се пожалија на малтретирање од страна на професорката Бесијана Мехмеди. Таа во појаснување за јавноста истакна дека сите обвинувања се клевета, искористени како „аргументи“ за оцрнување на нејзината личност како педагог и уметник.
