За неколку години треба да започне изградбата на првиот хотел во вселената, кој треба да има ресторани, кина и сместувачки капацитет за 400 гости.
„Orbital Assembly Corporation“ (OAC) и „Gateway Foundation“ имаат големи планови за проектот наречен „Voyager Station“, што го најавија уште во 2019 година.
Тие планираат да започнат со градба во ниската орбита околу Земјата во 2025 година. Иако досега не се разјаснети многу детали, како што се трошоците за изградба, како и сместувањето таму, ОАЦ посочува дека користењето ракети кои може да се користат повеќепати, како „Falkon 9“ на SpaceX, ќе помогнат да се задржат трошоците релативно ниски.
Џон Блинкау го започна ОАЦ во 2012 година, а „Дејли Меил“ ја цитираше неговата изјава дека тоа ќе биде следната индустриска револуција.
Фондацијата Гејтвеј, пак, на својата веб-страница пишува дека станицата „Voyager“ ќе биде еден од „важните први чекори во колонизацијата на универзумот и другите светови“.
„Максим“ наведува дека ОАЦ е официјално отворен за приватни инвеститори, кои до 1 април можат да купат удел во компанијата за 0,25 долари по акција.
