Најдено починато лице во објект на поранешна сендвичарница во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 12.02.2020 во 14.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на поранешна сендвичара на ул.„Дрезденска“ во Скопје било пронајдено починато лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а идентитетот на лицето се уште не е познат. Се претпоставува дека се работи за бездомник, бидејќи во објектот имало импровизиран кревет. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.