Најдобар трик за чистење на загорени садови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Изгорените садови се голем проблем што ги мачи денешните домаќинки, особено сега за време на новогодишните и божиќните празници кога се подготвува повеќе храна од вообичаеното.

Без разлика дали подготвувате едноставен појадок во тава или новогодишни задоволства, празничен ручек, честопати остатоците од храната остануваат во тавата за печење или пржење, за време на подготовката.

Британскиот mirror.co.uk пренесува одличен трик за тоа како да го вратите сјајот на садовите и да се ослободите од тврдоглавите наслаги.

  • Прво, наполнете го садот целосно со врела вода во кој има тврдокорна маснотија од храната.
  • Оставете го неколку минути, а потоа исцедете го. Но, не го сушете.
  • Потоа истурете сода бикарбона во садот, особено на деловите каде има остатоци од храна или е изгорено.
  • Додадете слој сол над сода бикарбона – најдобриот ефект го дава грубата морска сол.
  • Потоа истурете бел или јаболков оцет во празно шише со прскалка и прскајте го садот.
  • Кога ќе се појават меурчиња, земете влажен сунѓер и жица и добро поминете го садот за печење.
  • Само исплакнете на крај.