Најдолгиот месец, со најдолги сметки – како преживуваат граѓаните?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заврши и најдолгиот месец во годината, но како го „преживеаа“ граѓаните? 259 денари килограм краставици, пиперки 259, марула 249, 120 денари домати, ананас 120 денари, бабура 279 денари,  во време на пандемија кога се препорачува да се консумираат витамини.

Цени на дел од производите:

  • Краставици 1 кг. – 259 денари
  • Пиперки – 259
  • Домати – 120
  • Марула – 249
  • Ананас – 120 денари
  • Бабура – 279 денари
  • Зелка 50 денари

Ако на ова додадеме и за 10 % повисоки сметки за струја, поскапени горива, се наметнува прашњето дали и оние 18 000 за кои молат работниците „ќе им завршат работа“. Оние кои ги анкетиравме со поделени мислења. Сметаат дека е релативно, зависно примањата на некои им стигаат пензиите и платите за да врзат месец со месец, на некои не.

„Се е зголемено нешто пензии качија. Колку ви ги качија пензиите? 2,9 така нешто. Со тоа покачување успевате да го покриете покачувањето ја производите? Можам само дел да платам од струја“.

„Има некоја мала разлика, но генерално добро стоиме“.

„Да се поскапо. Стига ли платата од први до први? Релативно е тоа, зависи колкава плата зимате. Вас дали ви стига? Мојата и на сопругата е добра, така да стига“.

„10.800 пензија. Фирмите пропаднаа, оставаме на улица и што ќе ми стигне. Ви стигна новата сметка за струја? Стигна 3000 повеќе“.

„Има поскапување на производите? Да многу“.

„Ви стига ли пензијата од први до први. Не, не. Сигурно не“.

А имаше и такви кои сметаат дека граѓаните треба да и помогнат на државата. 

„Кај мене е стигната. 10% не е страшно поскапувањето“.

„Мене ми стига внимавам што ќе купам, така да јас не сакам многу да се жалам. Сепак, треба да помогнеме и ние во овие тешки времиња кога е пандемија и економска криза, заради поскапувцањето на горивата, гасот и нафтата, така да, тоа. На кого да му помогнеме? На државата“.

„Затоа треба да се помогне во таа смисла да државта. Минимланата плата да се покачи, да нема блокади во Собранието, да тече работата, да тече економијата“.

„На оние со помали пензии да им се даде повеќе од оние со поголеми“.

Поскапувањето „ги крена на нозе“ и Синдикатите во борба за преживување.

„Еве сме лице в лице пред оние кои го сметаат работникот за роб. И покрај тоа што е роб, не му даваат дури ни леб да јаде. Да да ни леб да јаде тоа го покажува минималната потрошувачка кошничка која во моментов изнесува 35 000 денари. А ние што земаме, 15000 денари? Доволно е тоа и две плати?“, вели Дарко Димовски.

Претседателот Димовски информира дека добиле електронска покана од Влада утре повторно да одат на состанок за преговори за минимална плата.