Најдоцна до утре Владата ќе одржи седница и ќе прогласи кризна состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција по седницата на Советот за безбедност посочи дека вечерва или најдоцна до утре Владата ќе одржи седница и ќе се прогласи кризна состојба.

Заев појасни дека прогласувањето на кризната состојба не е повразно со ограничување на движењето на граѓаните, туку со полесно менаџирање на сите ресурси во државата во справување со пандемијата поврзана од коронавирусот.

„Владата и институциите се целосно подготвени на овој чекор. Сега по носењето на одлуката на Советот за безбедност се враќам во Владата и ќе дадам наредби на Управувачкиот комитет кој треба во најбрз рок да предложи до Владата прогласување кризна состојба. Најдоцна утре вечер ќе одржиме седница на Владата. Ако бидат подготетвени сите институции од формално-правен аспект ние сме подготвени верчерва или  најдоцна утре вечер да прогласиме кризна состојба“, рече Заев.

Тоа значи дека армијата се вклучува во справувањето со коронавирусот. Исто така сите капацитети и кадар од приватните болници и клиники се ставаат на располагање на државата.

Ова е прв пат во Македонија да биде прогласена кризна состојба на цела територија. Претходно кризна беше прогласена на регионот околу јужната и источната граница поради напливот на мигранти.