Најголем број заразени со корона од почетокот на пандемијата во Србија-9.122

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Коронавирусот забрзано се шири во Србија, бројот на нови случаи на дневна основа е над 9.000, а Ковид амбулантите повторно се преполни. Епидемиолозите предупредуваат дека во наредните денови може да се очекуваат голем број нови случаи, јави дописникот на МИА од Белград.

Според сајтот на Министерството за здравство во последните 24 часа во Србија денеска се регистрирани 9.122 пациенти позитивни на коронавирус, што преставува најголем број на досега евидентирани заразени на дневно ниво од почеток на пандемијата.

Починати се 19 лица. Тестирани се вкупно 27.290 граѓани. На респиратори има 79 пациенти, а хоспитализирани се 2.199 пациенти.

Во Србија вчера се регистрирани 7.488 лица позитивни на коронавирус, а починале 25 лица.

Фактот дека во вторникот во Србија се регистрирани 5.224 лица позитивни на коронавирус е најдобар доказ за брзиот раст на бројот на заболени.

Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ денес донесе измени на мерките поврзани со скратување на времетраењето на домашниот карантин за блиски контакти со ковид позитивни лица од 14 на 10 дена, како и измени на критериумите за ослободување од карантин после близок контакт .