Канарските острови – шпански убавици, лоцирани недалеку од крајбрежјето на Мароко, кои долго време привлекуваат посетители со својата прекрасна природа, национални паркови, блага клима, вулкани, како и ниски цени.
Едни од најпознатите острови тука се Тенерифе и Фуертевентура, а ние денеска одблиску ви носиме плажа за која можеби не ни знаевте дека постои.
Имено, северно од островот се наоѓа место кое веднаш ќе не поврзе со најубавото кино во светот. Сепак не станува збор за кино, туку за плажа на која седиштата се бесконечен топол песок, платното е море и небо, а закуските се на „дофат на раката“.
Добро, не можете навистина да ги јадете, но кога ќе ги видите, ќе разберете зошто оваа плажа се нарекува кино плажа.
Официјално се вика Плаја дел Баџо де ла Бура, но оваа информација е потребна само за мапите на Гугл бидејќи никој повеќе не ја нарекува така.
Кога ќе пристигнете на оваа плажа, прво што ќе забележите е дека песокот е преполн со пуканки. Приказната за овие бели „пуканки“, за кои се вели дека се корали, кружи веќе долго време.
Сепак не се ни корали, туку мртви алги кои се формираат во морето и по смртта стануваат бели како варовник. Морето потоа ги поставува на брегот. Самиот феномен не е толку редок и можно е да ги најдеме низ целиот свет, но тука тие едноставно се наоѓаат во голем број.
Локалните жители тврдат дека плажата отсекогаш изгледала вака, односно од кога се сеќаваат на неа. Но, сепак и таа мораше да почека апликацијата наречена Инстаграм да се развие а потоа да се споделува низ светот под хаштагот #popcornbeach.
Но, тоа не е сè. Плажата е опремена и со црни вулкански камчиња, па целиот визуелен впечаток е уште поневеројатен. Колку и да вие е предизвик, не носете ги дома.
Научниците постојано предупредуваат дека ако туристите продолжат да ги крадат од плажата – за 10 години нема да остане ништо. Запомнете дека и пуканките и камчињата се важен дел од локалниот екосистем и ги почитувате.
Плажа од пуканки на крајот од целата приказна, сепак останува претежно плажа на која доаѓате, се восхитувате, фотографирате – и одите.
Имено, сите овие пуканки и вулкански камчиња не се најпријатни, а Фуертевентура може да се пофали со попрактични плажи за пливање.
