Најмалиот хотел на светот има само една соба, секогаш е резервиран, а цената не е во склад со големината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хотелот „Централ“ во Копенхаген е прогласен за најмал хотел на Светот. Некогаш бил дом на чевлари, а потоа претворен во хотел. Верувале или не, секогаш е „букиран“, а има само една соба во која може да престојуваат две лица. Има само еден брачен кревет, а купатилото се наоѓа веднаш над кафулето.

Гостите имаат на располагање мини-бар во собата, телевизор, ви-фи, два велосипеди кои може да ги користат за возење по градот.

Цената изнесува дури 280 евра за ноќевање.