Најмалку 10 загинати во експлозија и пожар во познати швајцарски ски центар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 10 лица загинаа, а неколку се повредени во експлозија и пожар што избувнаа во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлизијата се случила околу 1:30 часот во локално време во барот „Ле Констелашн“, а причината за несреќата е непозната.

Во соопштение за медиумите, полицијата потврди дека експлозијата се случила за време кога во барот се одржувала новогодишна прослава.

Според извештаите, повеќе од 100 луѓе се наоѓале во барот и салонот „Ле Констелашн“ во алпскиот скијачки центар Кран-Монтана кога избувнал пожарот.

Се наведува дека барот имал капацитет за повеќе од 300 луѓе, но точниот број на луѓе во објектот во тој момент сè уште не е потврден.

Полицијата утрово извести дека службите за итни случаи се уште се на терен и дека е во тек голема спасувачка операција. Голем број полициски, противпожарни и спасувачки екипи беа испратени на местото на настанот и им пружаат помош на многу луѓе погодени од инцидентот.